Насловна / Градежништво / Реконструкција на граничниот премин „Богородица“

Реконструкција на граничниот премин „Богородица“

rekonstrukcija na granicen premin bogorodica
Започнуваат градежните работи за реконструкција на граничниот премин „Богородица“, административната зграда и придружните објекти.

Реконструкцијата на најголемиот и најфреквентниот граничен премин кон соседна Грција е дел од проектот за Развој на граничната инфраструктура – Border.In, финансиран во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција 2007-2013 од Инструментот за предпристапна помош (ИПА).

Истовремено, овој проект претставува дополнение кон воведувањето на Новиот компјутеризиран транзитен систем на ЕУ во  Македонија, проект исто така поддржан од ЕУ во рамките на Програмата ИПА. Новиот систем, компатибилен со системите на ЕУ, кој ќе започне да се применува од 1 март 2014 година, преку исклучиво електронско поднесување на документи за транзит, претставува дополнително забрзување и олеснување на царинските постапки. Воведениот нов транзитен систем, преку поврзување со системите на ЕУ во текот на идната година, ќе овозможи избегнување на граничните хартиени царински формалности при стоковата размена со државите членки на ЕУ и дополнителна корист за економските оператори.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top