Насловна / Архитектура / Реализиран дијамантскиот објект на кралицата на архитектурата

Реализиран дијамантскиот објект на кралицата на архитектурата

Победничкото решение за новата зграда на пристанишната администрација во Антверпен, коешто е дизајнирано од страна на архитектонската фирма Zaha Hadid Architects, зрачи со футуристички дизајн, а во исто време оддава почит на историјата на градот.дијамантска зграда (1)

Имено, Антверпен некогаш бил познат како централно место во коешто се тргувало со дијаманти, па оттука и идејата за реализација на таквата конструкција над постојната зграда, на чија сјајна фасада се рефлектираат облаците и околното пристаниште.дијамантска зграда (2)

Новиот пристанишен објект претставува централно место за администрација која се состои од околу 500 луѓе. Потребата за проширување била сосема очекувана, со оглед на тоа што Антверпен е второто по големина пристаниште во Европа. Пристаништето овозможува транспорт на околу 200 милиони тони стока годишно и вработува околу 60 илјади луѓе.дијамантска зграда (3)

Водени од победничкиот проект на бирото на Заха Хадид, новиот волумен е додаден на постоечката зграда претставувајќи нејзина круна, а во исто време се елиминира можноста за загрозување на фасадата на постоечката зграда.дијамантска зграда (4)

Всушност, оваа зграда е сосема некарактеристична за славната Заха Хадид, чии проекти се генерално со закривени и органски форми. Новата конструкција има стаклена фасада која е изведена од триаголни панели. Некои од нив се транспарентни, со цел да се пропушти светлината во внатрешноста.дијамантска зграда (5)

Стаклото, исто така, е користено во конструкцијата на новиот покрив на постоечкиот објект.дијамантска зграда (6)

За време на реновирање на старата зграда и градењето на нова, се водело сметка за енергетската ефикасност, така што различни одржливи системи се составен дел на новата пристанишна зграда.дијамантска зграда (7)

Новиот бисер на Антверпен веќе е во употреба, а на покојната Захи Хадид и на сите нејзини соработници треба да им се оддаде признание за ова ремек-дело на архитектурата. Или, можеби, подобро кажано за овој архитектонски дијамант.дијамантска зграда (8)

Испрати коментар

Scroll To Top