Насловна / Архитектура / Реакции на британски архитекти на резултатите од референдумот

Реакции на британски архитекти на резултатите од референдумот

Дефинитивно Брегзит ќе ги промени Велика Британија и Европа, а какви импликации ќе има ова врз големите архитектонски бироа останува да се види.

Резултатите од референдумот се јасни: 52 проценти од Британците сакаат Велика Британија да е надвор од Европска унија. Познатите архитекти и дизајнери, вклучувајќи ги Richard Rogers, Amandа Levete, Ilsа Crawford, Philipp Malouin i Benjamin Hubert се меѓу оние што се длабоко разочарани од резултатите од референдумот.breksit arhitekti

„Каков ноќен кошмар“, вели Roger Hawkins, ко-основачот на архитектонската фирма Hawkins\Brown Architects. „Недостатокот на конструктивна дебата за референдумот беше повеќе од очигледен. Брегзит кај некои луѓе го предизвика најлошото, а во некои други го извлече најдоброто“.

„Јас сум многу разочаран и од она што се случи, но исто така и од менталитетот на луѓето во земјата каде што живеам“, коментира за Dezeen, дизајнерот Benjamin Hubert, основач на Layer.

Секој архитект и дизајнер со кого комуницирал Dezeen минатата недела, бил за Велика Британија да остане во Европската унија. Нивниот став го делат и граѓаните што живеат во Лондон, Шкотска, Северна Ирска… Граѓаните надвор од големите градови (во речиси секој регион во Англија) со огромно мнозинство гласаа за излез од ЕУ.

Многу архитекти и дизајнери, изразија загриженост во врска со неизвесноста што ќе дојде во наредниот период, со што директно ќе влијае на бизнисот.

„Брегзит не само што ќе донесе промени во нашата компанија, во голема мера ќе влијае на нашите вработени од цела Европа, за кои ова е сигнал дека Велика Британија веќе не е толку отворена земја“, се вели во соопштението на компанијата Roger Stirk Harbour.andrea

Некои други, исто така, дадоа и оптимистичка нота за Брегзит, гледајќи на целиот референдумот како позитивна работа. „Се разбира, јас сум многу разочарана од резултатите од референдумот. Но, дебатата ја раздвижи нацијата, особено младите, да размислуваат повеќе за својата иднина“, вели Amanda Levet.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top