Насловна / Арт и дизајн / Рачно изработени торби за плажа

Рачно изработени торби за плажа

Дизајнерите од американскиот бренд Poolside bags изработуваат торби за плажа од слама, а потоа ги украсуваат со шеговити натписи и стихови од хип-хоп музичари. Торбите се во природната боја на сламата со кафено кожни рачки или оние од дебело јаже во светли бои – жолта, црвена, розова, сина и зелена боја.торби за на плажа (10)

Натписите на торбите, како што се beach is better или woke up like this, исто така, доаѓаат во различни бои, а освен веќе постоечките пароли/стихови што се достапни во понудата на Poolside bags, можно е да се нарачат и персонализирани торби на коишто рачките и натписите се според желбите на клиентите.торби за на плажа (9)

Брендот изработил и ресорт колекција исклучиво за онлајн трговија Moda Operandi, а торбите освен таму можат да се набават и на официјалниот сајт Poolside bags, на кој може да се видат и некои други брендови кои се специјализирани за облека и додатоци за плажа.торби за на плажа (8) торби за на плажа (7) торби за на плажа (6) торби за на плажа (5) торби за на плажа (4) торби за на плажа (3) торби за на плажа (2) торби за на плажа (1)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top