Насловна / Вести / Путин нареди рушење на популарните „хрушчовки“ и изградба на нови згради

Путин нареди рушење на популарните „хрушчовки“ и изградба на нови згради

Moskva hruscovki urivanje

Рускиот претседател Владимир Путин му наложил на градоначалникот на Москва да ги сруши сите „хрушчовки“ – петканици од педесеттите години на минатиот век. Како што пренесуваат медиумите, Путин наложил на нивно место да се изградат нови згради. Многу „хрушчовки“ веќе се срушени. Останува да се срушат уште околу 7.500 такви петкатници, што одговара на станбена површина од околу 25 милиони квадратни метри. Во нив живеат околу 1,6 милиони жители на Москва. Сепак, тие нема да останат на улица. Градските власти ветуваат дека тие ќе добијат нови станови во истите делови на градот во кои и досега живееле.

Moskva hruscovki

Раселувањето на граѓаните и рушењето на „хрушчовките“ во Москва започнало уште кон крајот на деведесеттите години, а урбанистичкиот развој на руската престолнина интензивно продолжува без оглед на санкциите од Западот и економската криза. Програмата за рушење на овие неквалитетни згради со години се спроведува според еден ист модел – прво во соседството се градат нови згради во кои граѓаните се преселуваат, а потоа „хрушчовките“ се рушат и на нивно место се градат нови згради.

Moskva hryscovki novi zgradi na nivno mesto

Досега околу 160.000 семејства на овој начин се сместиле во нови станови. „Хрушчовките“ се градени по Втората светска војна, за времето на Никита Хрушчов (по кој и го носат името), со цел да се реши ургентниот проблем со обезбедување живеалишта за милиони луѓе кои во тоа време масовно се населувале во главниот град, но и за обезбедување засебен станбен простор за семејствата што дотогаш живеел во заеднички станови познати како „комуналки“.
Уште во текот на изградбата било предвидено овие згради да се користат само 25 години, и никој не помислувал дека ќе издржат повеќе од половина век. Сите станови се потполно идентични.

Moskva hruscovki

Тоа можеби најдобро е опишано во советскиот филм од 1975 „Иронија на судбината“, кој Русите  традиционално го гледаат за Нова година. Заплетот на филмот се темели токму на фактот, што во советско време се градени типски блокови – згради во кои распоредот на просториите па дури и мебелот бил сосема ист. Главниот јунак во овој филм по грешка влегува во авион за Ленинград и без да забележи дека не е во Москва туку во друг град, таксистот го носи на идентична адреса, во иста зграда како неговата, и  со својот клуч успева да го отвори туѓиот стан со сосема идентичен мебел….Овој филм е култен во Русија поради тоа што многу духовито го отсликува животот во советските блокови.

Moskva hruscovki1

Стручната јавност смета дека реконструкцијата на овие стари блокови би била само „фрлање пари во ветер“, и потенцираат дека рушењето е единствено решение. Преселувањето на граѓаните во новите станови во најголем дел е финансирано од буџетот на градот, а во еден дел учествуваат и приватните инвеститори.

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top