Насловна / Вести / Пуштен дел од регионалниот пат Зрновци-Карбинци

Пуштен дел од регионалниот пат Зрновци-Карбинци

патишта1

Во општина Зрновци денеска беше пуштена во употреба делницата од населеното место Видовиште до Теранци, која е дел од регионалниот пат Зрновци – Карбинци.
Делницата е во должина од 2,5 километри и за неа се инвестирани 14,5 милиони денари.
На свеченото отворање присуствуваа градоначалниците на општините Карбинци, Чешиново-Облешево и Зрновци и заменик директорот во Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов.
„Патот е од особена важност за жителите на десетина населени места од трите општини во Источна Македонија и преку него во должина од 19,3 км ќе се поврзуваат општините Штип, Карбинци, преку Зрновци до Виница“, истакна Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.
Заменик-директорот на Јавното претпријатие за државни патишта најави дека од 2014 до 2017 година е планирана изградба и асфалтирање на земјениот пат од 10,6 километри од Теранци до Аргулица, за што Владата и Јавното претпријатие за државни патишта имаат обезбедено 50 милиони денари.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top