Насловна / Вести / Прв меѓународен конгрес во Србија за бетон

Прв меѓународен конгрес во Србија за бетон

Бетонот е темата на првиот меѓународен конгрес на градежни материјали, кој ќе се одржи од 22 до 25 септември 2016 година во Магацинот Мацура во Стари Бановци.kongres-o-beton

Во текот на четири дена на конгресот, учесниците ќе имаат можност од страна на европските и светски експерти од областа на технологијата и примена на бетонот да ги слушнат најновите информации и знаење кои се однесуваат на новите можности за обликување и примена на овој градежен материјал.

Клаус Болингер, Патрик Фонтана, Матијас Бауер – се само некои од архитектите кои своето долгогодишно меѓународно искуство и знаење стекнато преку работа на некои од најзначајните светски проекти, ќе го споделат со сите заинтересирани инженери и архитекти од регионот.kongres-za-beton1

Конгресот го организираат списанието „Еко куќа“, организацијата OFROOM (Виена, Австрија) и Музеј и Магацин Мацура, а во соработка со Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Белград, Инженерската комора на Србија и Германската организација за меѓународна соработка ГИЗ.

Испрати коментар

Scroll To Top