Насловна / Архитектура / Прв меѓународен конгрес „Одржлива архитектура – енергетска ефикасност“ во Белград

Прв меѓународен конгрес „Одржлива архитектура – енергетска ефикасност“ во Белград

На 7 и 8 октомври, ќе се одржи Првиот меѓународен конгрес „Одржлива архитектура – енергетска ефикасност“ во реномираниот и атрактивен простор на Југословенската кинотека во Белград. Настанот е во организација на Здружението „ЕКОКУЛТ+“, списанието за еко архитектура и култура „Еко куќа“, а во соработка со Архитектонскиот факултет при Универзитет во Белград, како и многу амбасади кои го поддржале овој конгрес.1ek

Учесници:

Einar Jarmund, Jarmund/Vigsnæs AS Arkitekter, Норвешка

Mischa Witzman, Karawitz Architecture, Франција

Georg W. Reinberg, Architektur büro Reinberg, Австрија

Taro Tsuruta, Tsuruta Architects, Јапонија/Велика Британија

Hans Murman, Murman Arkitekter, Шведска

László Földes, Földes & Co. Architects, Унгарија

Alessio Battistella, ARCo – Architettura e Cooperazione, Италија

Kristoffer Tejlgaard, Atelier Kristoffer Tejlgaard, Данска

Petra Ostanek, OPA, Словенија

Љубомир Мишчевиќ, Архитектонски факултет во Загреб, Хрватска

Душан Игњатовиќ, Архитектонски факултет при Универзитетот во Белград, Србија

Владимир Ловриќ, Arhisolar, Србија

predavaci

Оваа голема манифестација ќе ги собере за прв пат во Србија, познати светски архитекти и дизајнери кои ќе преку предавања, работилници и заедничка изложба ќе ги споделат своите знаења и искуства. Пред студентите, докторантите и другата јавност, се планираат презентации на нивните најнови проекти.

Конгресот, во сите сегменти, ќе ги опфати најзначајните теми со фокус на одржлив, еколошки и енергетски ефикасен пристап во архитектурата со користење на обновливи извори на енергија, соодветни природни материјали, традиционални и современи технологии и градежни системи.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top