Насловна / Вести / Протест пред општината Струга заради дивата депонија

Протест пред општината Струга заради дивата депонија

Денес во 16 часот, членовите на граѓанската иницијатива „Доста е“ и стружани ќе протестираат пред зградата на Општината за да го искажат револтот кон институциите што се прават слепи и глуви за постоењето на дивата депонија во струшкото поле во Струга.

Покрај протест, струшките еколошки друштва и адвокати најавија дека денес ќе поднесат соодветни иницијативи и пријави до надлежни локални и републички институции и органи.дива депонија во струга

Празничниот викенд во Струга мина во чад и магла. Жителите на овој град велат дека веќе подолг период се сведоци на системското труење што се случува во целото струшко поле, заради секојдневното палење на струшката депонија.

Целта е да се поттикне преземањето соодветни мерки, да се дознае кој е концесионерот на дивата депонија, дали тој истиот го пали ѓубрето и како е тоа поврзано со локалните и државните надлежности.

Испрати коментар

Scroll To Top