Насловна / Порта3 / Пространите градини на Ватикан

Пространите градини на Ватикан

gradinite na vatikan_8

Ватикан во целост е распространет на територија од 44 хектари, во централното подрачје на италијанската престолнина Рим, на познатиот Ватикански рид. Највисоката точка на дворецот е 60 метри надморска височина. Оваа држава брои популација под 1.000 жители, првенствено свештеници и луѓе кои се во служба на дворецот, музејот и библиотеката. Дворецот е заграден со висок камен ѕид од запад, југ и север.

gradinite na vatikan_3

Внатрешноста на дворецот го красат објекти од ренесансниот и барокниот период, одлично компонирани со најразлични фонтани и скулптури.gradinite na vatikan_7

Според некои информации, градините во Ватикан за првпат почнал да ги гради владетелот Гиљоти, во знак на почит кон загинатите војници во прогонот на Нерон. Подоцна, во времето на папата Лав IV кога се случила поделеноста на христијанството, на ридот Ватикан била создадена папска резиденција, која претставувала средовековен град во тоа време познат како Чита Леонита – Градот на Лав. Во XVIII век тврдината била заменета со високи ѕидови, а два од тие ѕидови до ден-денес го пренесуваат духот на живеењето од тоа време во дворецот на Ватикан.gradinite na vatikan_2

Почетокот на ватиканските градини бил во XIII век, кога папата Николај III се вратил во Ватикан. Тогаш биле изградени голем овоштарник, пространи тревни површини и колоритна цветна градина. Низ историјата, помеѓу папите имало и такви кои ги интересирало пејзажното уредување, но и такви кои не давале големо значење на изградбата и одржувањето. Во текот на годините, секој папа внесувал по некој новитет во градината. Така, денес, од тоа време се среќаваат најразновидни градби, кули, видиковци, скулптури, егзотични и локални видови на растенија.gradinite na vatikan_9

На влезот од светиот престол има подигнато еден вид на зелен килим од Dichondra sp, а на него со растенија вешто е прикажан папскиот грб. На малиот плоштад Санта Марија има формална градина со правоаголна форма, на која се засадени шест стари дабови од видот Quercus ilex, кои во височина достигнуваат и до дваесет метри. Градините ги красат голем број егзотични растенија, кои низ годините биле донирани од најразлични делегации кои сакале да дадат свој печат и подарок на овој свет дворец.

Така, во дворецот може да се сретнат видови како гинко, најразлични видови на магнолии, маслинки, зеленика, рододендрони, медитерански чемпреси и многу други. Делови од градините, кои се изработени во формален аристократски стил, претставуваат вистинско ремек-дело, скроено до совршенство од страна на вештите раце на градинарите што го одржуваат овој дворец.gradinite na vatikan_4

Локацијата, која е под заштита на Пречеста Богородица, открива поглед кон француската градина, каде во големи теракотни садови на кои стои папскиот грб растат раскошни расцветани рододендрони. Во овој дел се наоѓа и голем резервоар за вода, преку кој е обезбедена вода за полевање на сите растенија и ги обезбедува фонтаните во дворецот.

Посебно интересен е делот од градината каде на барање на папата Павле IV била изградена вила, дело на архитектот Пиро Логорио. До неа се стига преку уличка на која од страна се нарадени статуи кои се земени од дворците на античките императори.gradinite na vatikan_1 gradinite na vatikan_5

Посетата на градините во Ватикан е возможна само со купена влезница, а самата посета се одвива во мали групи, предводени од искусен водич.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top