Насловна / Арт и дизајн / Промоција на првото меѓународно студентско списание за археологија и историја на уметноста „Axios“

Промоција на првото меѓународно студентско списание за археологија и историја на уметноста „Axios“

После неколку месеци на собирање трудови и технички подготовки, првиот број од меѓународното студентско списание за теми од археологијата, историјата на уметноста и културното наследство Axios, во издаваштво на Студентското археолошко здружение „Аксиос“ од Скопје, ќе биде промовиран овој четврток (26.01.2017) во Салата за седници при Филозофскиот факултет во Скопје со почеток во 12 часот.

Првиот број на списанието ќе биде составен од вкупно четиринаесет текстови во авторство на петнаесет студенти од четири различни универзитети од три држави – Македонија, Србија и Германија.axios-spisanie

Текстовите опфаќаат голем број на теми, почнувајќи од археолошки рекогносцирања, античка луксузна архитектура и уметност, древни религиозни култови и митолошки концепти, па сé до физичко-антрополошки анализи и употребата на современи дигитални технологии во проучувaњето на средновековни цркви.

Списанието има за цел да ја поттикнува активната истражувачка дејност на студентите што го изучуваат културниот развиток на човечката цивилизација низ вековите, да ја поттикнува нивната меѓусебна соработка и да претставува медиум преку кој тие ќе можат да ги публикуваат своите први научни размислувања.

Списанието ќе биде достапно бесплатно во електронска форма на официјалниот веб-блог на САЗ „Аксиос“. (http://www.axiosskopje.wordpress.com/axios-journal/), на нивниот Academia.edu профил (http://www.worldrroma.academia.edu/AxiosSkopje), на Issuu (http://www.issuu.com/axiosjournal) и на Scribd (http://www.scribd.com/user/330002079/Axios-Skopje).

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top