Насловна / Архитектура / Промоција на проектот „Ничија земја“ на 15. издание на Биеналето на архитектурата во Венеција

Промоција на проектот „Ничија земја“ на 15. издание на Биеналето на архитектурата во Венеција

Денес (26 мај) во 17.30 часот во историскиот воен локалитет „Арсенале“ свечено ќе биде инаугуриран македонскиот павилјон во рамките на 15. издание на најпрестижниот светски настан од областа на архитектонското творештво – Биеналето на архитектурата во Венеција, коj се одржува од 28 мај до 27 ноември.soopstenie_1

На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Ничија земја“ на проектантското студио „Стоун дизајн“, свое обраќање ќе има и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Како одговор на темата на Биеналето „Известувања од фронтот“, Република Македонија, под покровителство на Министерството за култура, на најзначајната манифестација на која се презентираат најновите остварувања на светската архитектура, се претставува со специфична инсталација-објект, дело на авторите: Стојан Павлески,  Иван Симеонов,  Љупчо Тасевски и Ѓорги Радовановиќ. Комесар на нашето претставување е д-р Иванка Апостолова, соработници на проектот се: Влатко Чавкоски, Натали Павлеска и Ристо Кокалановски, а советници се: Јован Шумковски и Станко Павлески.

Павилјоните на националните претставници на земјите учеснички се сместени на повеќе локации, меѓу кои и „Џардини“ (локација на најстарите национални павилјони, вклучувајќи го и централниот павилјон на меѓународната изложба), „Арсенале“ (стар воен локалитет во кој се наоѓа и објектот Артиљери во кој е лоциран македонскиот павилјон) и разни градски локации (улици, згради, плоштади… ).

Со поддршка од Министерството за култура, архитектонското творештво на македонските автори во континуитет се претставува на овој врвен архитектонски настан, кој ја антиципира и моделира современата архитектонска мисла и кој за време на тримесечното траење е посетен од над еден милион посетители и повеќе илјади новинари и репортери од целиот свет. Учеството на Република Македонија на оваа интернационална манифестација претставува одлична можност за афирмација на македонската култура и нејзините вредности во меѓународни рамки.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top