Насловна / Вести / Промоција на магистрите и дипломираните студенти од 2015/2016 на Градежниот факултет

Промоција на магистрите и дипломираните студенти од 2015/2016 на Градежниот факултет

Традиционално, како и секоја година, на Градежниот факултет при УКИМ во Скопје се одржа промоција на магистрите на технички науки и дипломираните градежни, геодетски и геотехнички инженери за периодот од април 2015 до април 2016 година.gradezen diplomi 2016_02

Настанот на кој покрај професорите и наставниците од Градежниот факултет присуствуваа и претставници на реномирани градежни компании, на Инженерската институција на Македонија и други гости, го отвори деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Дарко Мославац, кој ги поздрави најдобрите дипломирани студенти за минатата година.gradezen diplomi 2016_05

Така, оваа година престижното признание го доби студентката Јорданка Чанева со просек 9,84, а пригодната награда и ја додели преставникот на претседателот на Инженерската институција на Македонија, Христина Спасевска.

Традиционално, еден од најголеми поддржувачи на оваа манифестација, реномираната компанија „АДИНГ“ ја додели наградата за најдобра дипломска работа од областа на градежништвото, каде се применети разни материјали од производствената палета на „АДИНГ“.gradezen diplomi 2016_26

Така, оваа година, изборот падна на студентот Филип Трајковски за темата со наслов „Анализа на главен носач на мост според еврокод“, на кого наградата му ја додели Даниел Цеков, главен водечки менаџер за примена и продажба од „АДИНГ“.gradezen diplomi 2016_38gradezen diplomi 2016_43

Наградата за најдобра дипломска работа од областа на геотехниката, беше доделена на Теодор Димитриевски за темата „Активна и пасивна заштита од одронување кај транспортни коридори“. Наградата ја додели директорот на  Градежен институт „МАКЕДОНИЈА“, Михо Атанасовски.

Награда за најдобра дипломска работа од областа на геодезијата, беше доделена на Томе Геговски со темата „Одредување на трансформациони параметри за дел од течението на реката Радика (Мавровска област)“. Наградата беше доделена од страна на претседателот на Комора на трговци поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на РМ, Борис Тунџев.gradezen diplomi 2016_36

Градежниот факултет додели посебна награда за дипломската работа со тема „Стабилизација и модификација на слабоносиви почви со цемент под коловозна конструкција”, од студентот Младен Атанасоски, по повод освоеното прво место на интернационалната конференција за студенти  во Истанбул, Турција ICAMES 2016.gradezen diplomi 2016_20

Деканот Мославац ги информира присутните дека во периодот од април 2015 до април 2016 година магистрирале вкупно 48 колеги од кои 24 магистри на технички науки од областа на градежништвото, пет магистри на технички науки од областа на геотехниката, 11 магистри на технички науки од областа на геодезијата и осум магистри од областа менаџмент со недвижности. Дипломирале вкупно 126 колеги од кои 70 градежни инженери, 51 геодетски инженери и пет геотехнички инженери.gradezen diplomi 2016_53 gradezen diplomi 2016_52 gradezen diplomi 2016_51 gradezen diplomi 2016_50 gradezen diplomi 2016_49 gradezen diplomi 2016_48 gradezen diplomi 2016_47 gradezen diplomi 2016_46 gradezen diplomi 2016_18 gradezen diplomi 2016_08 gradezen diplomi 2016_03

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top