Насловна / Архитектура / Промоција на книгата „На Скопје, со љубов! – Архитектонската мисла на Живко Поповски“ во Музеј на град Скопје

Промоција на книгата „На Скопје, со љубов! – Архитектонската мисла на Живко Поповски“ во Музеј на град Скопје

Вечер (13 ноември) во 19 часот во Музејот на Град Скопје ќе се одржи промоција на книгата „На Скопје, со љубов! – Архитектонската мисла на Живко Поповски“ приредена од Анета Христова – Поповска и Мери Батакоја, а во издание на Приватен принт Скопје.

За книгата, а и за делото на Живко Поповски ќе зборуваат академик Влада Урошевиќ, проф. архитект Мартин Гулевски и поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов.C:UsersMeriDropboxZIVKO_POPOVSKITEMPLATESZP_naslovna_2 Mod

Оваа книга преставуваа комплетна збирка на текстови, колумни и интервјуа кои архитектот Живко Поповски ги напишал и објавил во текот на својот живот, надополнета со авторски цртежи и два воведни текста од приредувачките. „На Скопје, со љубов!“ е прва книга која во фокус го става интелектуалниот ангажман на архитектот Живко Поповски. Збирката на текстови во книгата не се држи само во рамките на архитектонското, туку оди подалеку, гледајќи го градот во културолошки релации, а тоа ја прави исклучително важна за пошироката публика. Преку овие текстови архитектот Живко Поповски ни се открива и како свесен и критичен граѓанин, кој интелектуално го промислува градот во којшто живее. Во нив, тој недвосмислено ни ја предава и сета своја љубов за Скопје.

Истражувачкиот дел на проектот е реализиран со академска поддршка на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје и техничко-финансиска поддршка на Арт проект лаб – Скопје и Град Скопје.

C:UsersMeriDropboxZIVKO_POPOVSKITEMPLATESZP_naslovna_2 Mod

Изложба „Замислувајќи простор“

Изложбата „Замислувајќи простор“ во рамки на промотивните активности за книгата „На Скопје, со љубов!“ ќе биде поставена во студиото на Приватен принт од 14-19 ноември во периодот од 12-19 часот. На изложбата ќе бидат преставени публикации во кои се објавени архитектонски цртежи од Живко Поповски надополнети со мултимедијални дела инспирирани од нив. Изложбата е реализирана во соработка со: Мери Батакоја, Владо Данаилов и Мила Димитровска.

Практиката на публикување на архитектонските цртежи е акумулатор на идеи, кои се претвораат во просторни обрасци што се помнат. Така архитектонските идеи најпрво стануваат видливи и применливи. Нивната присутност постанува дел од нашето визуелно спознавање на околината или поимање на просторот. Изложбата има за цел да ја прикаже графичката култура на презентирање на архитектонските идеи и проекти. Односно преку изложбата се претставува визуелниот јазик преку кој се генерираат идејни обрасци за толкување и обликување на просторот. Во фокус се поставени публикации со одбрани архитектонски цртежи на архитектот Живко Поповски и се надополнети со интерпретативни графички толкувања изработени во повеќе медиуми и од различни автори. Преку изложените публикации се проследува графичкиот јазик преку кој таа практика се изразувала: формат, печат, типографија, хартија. Додека пак дополнителните мултимедијални и авторски читања на цртежите, како што е и графичкото обликување на корицата на книгата „На Скопје, со љубов!“, се надоврзуваат на идејата за презентирање, мултиплицирање и меморирање на архитектонските обрасци.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top