Насловна / Архитектура / Продoлжен рокот за легализација на дивоградби, „ставање ред во урбанистичкото планирање“!?

Продoлжен рокот за легализација на дивоградби, „ставање ред во урбанистичкото планирање“!?

Уште еднаш се продолжи рокот на контрoверзниот Закон за постапување со бесправно изградени објекти. Законот прв пат е донесен на 24.02.2011 година и отогаш претрпе 10 измени и доплни. Меѓудругите измени и дополни во измената од 10.12.2012 година се предвидува дека и секоја гаража, шупа изградена во дворот на објектот или тераса претворена во кујна, може да се легализира. Во таа измена се вели „(2) Под објекти од локално значење, покрај објектите од став (1) на овој член се подразбираат и помошни градби (гаражи, остави) кои се во функција на објектот за домување или друг вид на објект, базени на ниво на терен за индивидуална употреба (градби за кои согласно со Законот за градење градоначалникот на општината издава решение за изведување на градбата), времени објекти наменети за домување, како и објекти, односно посебни делови од објекти пренаменети без одобрение за пренамена“ Законот важи за објекти изградени заклучно со 3 март 2011 година.madzar

Од вчера повторно може да се поднесуваат барања за легализација на дивоградби, откако стапија на сила последните измени на Законот усвоени од Собранието на 22 – ри минатиот месец.

Податоците велат дека на почетокот на процесот на легализација доставени се 360.000 барања, а во доплнителниот рок на почетокот на 2016 година доставени се уште 80.000 барања. Што укажува на фрапантен податок дека имаме евидентирано 440.000 дивоградбиsolun

Во урбаниот хаос на кој сме сите сведоци и за кој градоначалництете во изборната трка се „колнеа“ дека ќе го средат и во ситуација кога се стопираат и ревидираат ДУП-ови и времено се стопира и издавање одобренија за градење се продолжува рок за легализација на дивоградби.

Пред само шест месеци Државниот завод за статистика објави дека само во текот на минатат година регистрирани се 1037 бесправно изградени објекти. Од кои најголем број, односно 97.6 проценти се во приватна сопственост

Ова само уште повеќе ќе допринесе во урбаниот хаос и легализирање на истиот тој хаос.KIR_00251

poplava

Анализите на проектот „Скопје 2014“ покажуваат дека голем број од спомениците се противзаконски поставени. Истите се се третирани како спомен обележја, наместо според монументалноста како меморијални споменици, за кои според законот „Собранието на РМ донесува одлука за подигање меморијален споменик со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.“ Споменикот на Александар Македонски е почнат со изградба во 2010 година. Може ли некои за споменикот да побара легализација на бесправно изграден објект?

4 Коментари

  1. Zdravo me interesira dali zakonot vazi i za legizacija na dvorno mesto.

  2. Законот за легализација на дивоградби, беше и се` уште е неуставен, дискриминаторски, во крајна линија криминален, оти озаконува криминал и стимулира понатамошни незаконски и противзаконски дејанија. Знае ли некој од власта колку нови дивоградби се направени откако е донесен предметниот Закон во 2010 година? Покрај оние дотогашни (и пријавени за легализација) над 350 илјади од физички лица и над 70 илјади од правни субјекти? Македонија е една од ретките држави, главно балкански, во кои постои лексем/збор „дивоградба“. И ако продолжи со „остварување“ на овој и слични закони, не е далеку денот кога и самата држава ќе биде оквалификувана, не само (од странците) како заробена и/или киднапирана, туку како – дивоградба.

  3. Abdulovski mevljud

    Zdr me interesira od koga do koga vazese zakon za legalizacija na divo gradba na imam.vgradeno februar 2011 zapocnato zavrseno mart mesec neka kran na mart dali mi sleduva legalizacija fala vi od napred

Испрати коментар до Zlate Antov Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top