Насловна / Вести / Продолжува реставрацијата на икони во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село, Штипско

Продолжува реставрацијата на икони во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село, Штипско

presveta bogorodica sipsko

Со поддршка од Министерството за култура, во тек е реализацијата на проектот за отворање галерија на икони во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село,  Штипско.

Во согласност со проектот што се одвива во неколку фази, во целост е завршена конзервацијата на 35 икони кои се дел од богатиот фонд на икони со кои располага црквата.

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Штип, оваа година интензивно работат на конзервацијата и реставрацијата на уште 30 икони кои се дел од вредната колекција на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Заштитата на ова вредно културно наследство  ќе продолжи и со конзервација и реставрација на дел од црковните предмети кои биле употребувани за одржување литургија, како и со конзервација на северниот и на јужниот иконостас.

За следната година е планирана конзервација на уште 25 икони и метални предмети кои ќе бидат во функција на галеријата на икони „Успение на Пресвета Богородица“, а планирана е и реализација на конзерваторско-реставраторските работи на архитектурата на црквата, осветлувањето и видеонадзорот на галеријата. Со реализација на овој мошне значаен проект, Ново Село ќе добие уште еден значаен простор за промоција на културата.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица” – Ново Село, Штип, е изградена во 1850 година од градителот Андреја Дамјанов и неговата тајфа и претставува трикорабна базилика со пространи галерии на катот.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top