Насловна / Вести / Продажба на автомобили во Европа: Бензинците за прв пат по 2009 водат пред дизелашите

Продажба на автомобили во Европа: Бензинците за прв пат по 2009 водат пред дизелашите

 

Dizelot-polos-za-klimata

Продажбата на нови автомобили со бензински мотори во Европа во првата половина на 2017 година била поголема од продажбата на дизел возилата, што не е забележано речиси цела деценија. Во првите шест месеци од 2017, бензинците имале удел од 48,5% во вкупната продажба на нови возила, соопштува Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), додека во првата половина на 2016, таа бројка била 45,8 %. Истовремено, побарувачката за дизелот во Европа, опаднала од 50,2% во првата половина на 2016, на 46,3% во истиот период оваа година. Пресметано во број на возила, Европјаните во првата половина на 2017 купиле околу 150. 000 дизел автомобили помалку отколку во истиот периос лани.

 

Dizelot-pomalku-prodavan

Падот на продажбата на автомобили со дизел мотори го следи зголемениот интерес на купувачите за возила со алтернативни погонски горива (AFV), како што  се хибриди, електрични автомобили, како и модели на ТПГ (течен природен гас) и КПГ (компримиран природен гас). Продажбата на овие видови возила бележи раст од над 35% во последната година, и сега има удел од 5,2% во вкупната продажба на нови возила на Стариот континент. Една од причините за намалениот интерес за дизелот, секако може да се лоцира во најавите на повеќе европски метрополи дека ќе го забранат возењето на дизелашите. Од друга страна, голем придонес има и скандалот со емисиите од дизел моторите, чии последици се чувствуваат и две години по откривањето на аферата.

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top