Насловна / Вести / Продадена атрактивната локација под Плаошник

Продадена атрактивната локација под Плаошник

ohrid plaosnik

Атрактивната локација под Плаошник на вчера одржаното електронско наддавање, кое траеше повеќе од два часа, е продадена за 51.000 денари за метар квадратен, на понудувач од Скопје. Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште кое беше во државна сопственост, изнесуваше 1.543 денари по м2.

Градежната парцела која се наоѓа од левата страна од патеката што води до црквата „Св. Јован Канео“ е со  вкупна површина од 201 м2 и површина за градење од 90,9 м2. Според урбанистичкиот план максималната висина до венец е од 3,9 метри и катност – приземје (минус две нивоа).ohrid plaosnik (2)

Како што беше најавено, општина Охрид од продажбата на земјиштето ќе инкасира 80 проценти од средствата, а 20 проценти ќе одат во буџетот на Република Македонија. Општината се очекува да инкасира средства и по основ на комуналии за изградба на објектот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top