Насловна / Ентериери / Примамлив ентериер на продавница за детски обувки во Штутгарт, Германија

Примамлив ентериер на продавница за детски обувки во Штутгарт, Германија

su_171014_01-630x445
Швајцарската архитектонска фирма ROK – Rippmann Oesterle Knauss, пред извесно време го комплетираше ентериерот на оваа детска продавница во Штутгарт, Германија.

su_171014_02-630x445

Продавницата за патики Suppakids Sneaker Boutique нуди големи колекции на детски обувки од бебешка возраст па се до пред тинејџерска. Уникатниот аранжман на ѕидот ги повикува децата да си играат на суптилно интегрираниот каскаден диск додека пребаруваат по обувките на ѕидот.

su_171014_06-630x445 su_171014_08-630x445

Иако оваа радосна идеја е клучен момент во дизајнот, сепак не е во фокусот на вниманието. Спротивно на тоа, патиките се во центарот на вниманието во чист и флексибилен ѕид со полици на кој му се приклучува комплетниот дизајн на продавницата, кој е развиен во различни возрасни групи.

su_171014_04-630x445

Со челични рачки и други сврзни елементи се повразни 96 дрвени панели кои овозможуваат брза и лесна демонтажа. Заднинското осветлување создава пријатна и примамлива атмосфера која поканува да се видат производите.

su_171014_03-630x445 su_171014_10-630x445

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top