Насловна / Вести / Прес конференција за „Зелен Глобус“ на граѓанската иницијатива „Скопје Смог Аларм“

Прес конференција за „Зелен Глобус“ на граѓанската иницијатива „Скопје Смог Аларм“

Денес (28 септември) во 20 часот, во МКЦ клуб ресторан, ќе се одржи прес конференција на еко настанот „Зелен Глобус“, во организација на неформалната граѓанска иницијатива „Скопје Смог Аларм“.

На настанот ќе бидат доделени симболични награди на истакнати активисти, доктори, новинари, истражувачи и поддржувачи од областа на екологијата, пред сè од областа на аерозагадувањето. Настанот ќе биде и можност за вмрежување помеѓу граѓани кои делуваат во областа на заштита на животната средина.

„Скопје Смог Аларм“ е неформална граѓанска заедница на еко-активисти. Целите на иницијативата се да го подигне нивото на свест кај надлежните и кај граѓаните за ризиците од аерозагадувањето и да ги инспирира граѓаните да преземаат акции за спречување на аерозагадувањето.

Испрати коментар

Scroll To Top