Насловна / Вести / Прекрасен стан во Париз со современа естетика

Прекрасен стан во Париз со современа естетика

Украинското архитектонско студио Rosko Family Design, коешто го чинат брачните партнери Анатолиј и Екатерина Росковшенко, со години се познати и признати во својата земја, но се повеќе и повеќе почнуваат да работат на меѓународни проекти.париз стан_8

Еден таков е и оној што го работеле за млада фамилија во Париз. Проектот наречен Maison Noir, неодамна бил завршен и претставен на јавноста. Желбите на клиентот биле, главно, јасни – со дизајн да се постигне естетика која ги комбинира традиционалниот и современиот дизајн. Архитектите истакнале дека преку овој стан сакале да раскажат приказна за природата, зеленилото, уметноста и семејството.париз стан_7

Конечниот резултат го покажува токму тоа. Боите на мебелот, теписите и ѕидовите се со топли нијанси кои придонесуваат за чувство на топлина, а изобилството на цвеќиња служи за создавање на полесна атмосфера, исто како и многуте прозорци кои носат големо количество на природна светлина.париз стан_6 париз стан_5 париз стан_4 париз стан_3 париз стан_2 париз стан_1

Испрати коментар

Scroll To Top