Насловна / Арт и дизајн / Прекрасен проект кој спојува уметност, дизајн и спорт

Прекрасен проект кој спојува уметност, дизајн и спорт

Уметниците и креативните луѓе од различни области повторно покажуваат како вообичаените предмети, нешта или производи можеме да ги гледаме на еден сосема поинаков начин од она на што сме навикнати.кошарка _4

Така, францускиот моден бренд Pigalle, заедно со креативната агенција Ill Studio и Nike, одлучиле јавно да го претстават својот проект на шарено кошаркарско игралиште, кое не може а да не се забележи. Лоцирано е во деветтиот арондисман во Париз, и тоа меѓу стари станбени објекти. Боите кои доминираат се сина, жолта и светло розова, а формираат комбинација која, секако, влијае на сите оние кои на овој терен ќе играат кошарка.кошарка _2

Со други зборови, се добива различно искуство во играњето на овој спорт.кошарка _3

Дизајнот е инспириран од деведесеттите години на минатиот век, односно кошаркарска естетиката од тоа време. Од креативната агенција Ill Studio порачуваат дека со овој проект се настојува да се истражува врската помеѓу спортот, уметноста и културата како индикатор на времето во кое живееме. Покрај тоа, сакале да се воспостават визуелни паралели меѓу минатото, сегашноста и иднината. Проектот служи и како нивна визија за иднина естетика на кошарката и спортот воопшто.кошарка _1

Испрати коментар

Scroll To Top