Насловна / Арт и дизајн / Предавање „Национализми, споменици и идентитет на културата: наследства на модернизмите во современиот момент и начини на отпор“

Предавање „Национализми, споменици и идентитет на културата: наследства на модернизмите во современиот момент и начини на отпор“

Вечерва (15 февруари) во ГЕМ Клуб, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи предавањето насловено „Национализми, споменици и идентитет на културата: наследства на модернизмите во современиот момент и начини на отпор“ на Линеа Вест, кураторка и координаторка на програмата C-MAP на Музејот на модерна уметност во Њујорк.

Ова предавање е дел од серијата настани кои се поврзуваат со наградата „ДЕНЕС“, награда која се доделува секоја втора година на млад визуелен уметник до 35 години во Македонија. Оваа награда во Македонија е организирана од страна на Центар за современи уметности – Скопје уште од 2002 год. а во 2015 год. како партнер организација се вклучува и организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје која е организатор на настанот.Linnea West

Првиот дел од ова предавање се однесува на нејзиното истражување во национализмот и постсоцијалистичките споменици низ призмата на историјата на уметноста. Спомениците се користеле/користат за да се формира национален идентитет преку поправањето на колективната меморија во долгорочна културна меморија.

Примерите како паркот „Мементо“ во Будимпешта и програмското шоу „Скопје 2014“ покажуваат како проектите, на различни начини, реагираат на модернистичките наследства и ја злоупотребуваат формата на споменик.

Вест, во овој случај се запрашува дали местата ненамерно имаат ехо од естетиката на социјалниот реализам и дали тие прават разлика меѓу вистинската и лажна меморија.

Вториот дел од ова предавање, ќе разгледува како уметничките заедници во Њујорк и Будимпешта се организирале во отпор кон десничарскиот авторитарен национализам со стратегии кои ја истакнуваат граѓанската активност и протест.

Предавањето ќе биде одржано на англиски јазик.

Линеа Вест е писателка и кураторка која живее и работи во Њујорк. Таа ја координира глобалната истражувачка програма „Современи и модерни уметнички перспективи“ (C-MAP) на Музејот на модерна уметност во Њујорк. Таа е исто така уредник на post, веб страницата на музејот која е посветена на уметноста и историјата на мдоернисмот во глобален контекст.

Вест е магистер по историја на уметност од Универзитетот во Грузија. Во 2012 – 2013 год. таа била добитник на Фулбрајт грант за да го истражува националниот идентитет во современата унгарска уметност во Лудвиг Музејот за современа уметност во Будимпешта.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top