Насловна / Вести / Пожар на Архитектонски факултет

Пожар на Архитектонски факултет

позар1

Пожар утринава избувна во зградата на Архитектонскиот и Градежниот факултет во Скопје. Командатот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски за МИА изјави дека огнот зафатил три простории на вториот кат на објектот. Евакуирани се студентите и вработените. Нема повредени, причинета е само материјална штета.IMG_20171109_092226

Според последните информации од терен, пожарникарите сеуште интервенираат.

Според нашите информации, пожарот избувнал во кабинет на еден од професорите на Архитектонски и се проширил. Го зафатил таванот од кој се урнале гредите.

Засега не се знаат причините за избувнување на пожарот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top