Насловна / Вести / Повеќе пожари беснеат низ земјава

Повеќе пожари беснеат низ земјава

Сѐ уште се активни повеќе пожари во земјава. Се интервенира во атарот на скопското село Студеничани, на Жеден во околина на Тетово, Македонски Брод, Крушево, во близина на битолските села Алданци и Норово.apel

Гори и сува трева во Полошкиот регион во близина на селотоп Корито. Забележани и се уште е активен пожарот на падините на Јакупица што избувна пред три дена, кој не е локализиран поради пристапноста на теренот. Обновен е огнот во близина на Богомила, а шумски пожар има од синоќа и во атарот на село Дреново.

Пожарникарите, цивилното население, полицијата и армијата работат на згаснување на пожарите низ земјава, но се спречени од високата температура која на места ги надминува 40-те степени целзиусови.

Оваа температура ќе се задржи до четврток, велат во УХМР, а топлотниот тропски бран ќе достигне 42 степени.

Испрати коментар

Scroll To Top