Насловна / Вести / Последиците од „Ирма“ и натаму закана за Флорида

Последиците од „Ирма“ и натаму закана за Флорида

Ураганот „Ирма“ кој изгуби од силата и се претвори во тропска бура и натаму слабее кон тропски циклон и веројатно до вечерва целосно ќе ја изгуби силата, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

„Ирма“, која се наоѓа на околу 150 километри југозападно од Атланта и Џорција, во моментов носи ветрови од 55 километри на час и поројни дождови на американскиот југоисток.irma florida

Жителите на Флорида во шок се враќаат по бурата во остатоците од домовите. И натаму половина од популацијата во земјата е без струја, а градските улици се под вода, од Орландо и Џејксонвил со Џорџија и Јужна Каролина.

Сепак штетата во Флорида е многу помала од разорното дејство на „Ирма“ во делови од Карибите, каде загинаа 40 луѓе, од кои 10 само на Куба, пред бурата да тргне кон САД.UPI 20170909

За време на дејството на „Ирма“ во Џорџија, со ветер од 100 километри на час, брановите предизвикаа поплави во областите Брансвик и Савана во Џорџија до Чарлстон во Јужна Каролина.

Во Чарлстон брановите го урнаа градскиот ѕид и повеќе населби се под вода.

Во Јужна Каролина е регистрирана една жртва- маж кој расчистувал пред куќата за време на циклонот.

Бурата за време на викендот ја предизвика и првата жртва во САД, маж од Мајами Киз кој е пронајден мртов во камион што се забил во дрво поради силниот ветер.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top