Насловна / Вести / Поради загадениот воздух затворени училишта во Иран

Поради загадениот воздух затворени училишта во Иран

Иранските власти привремено затворија многу училишта и ги одложија спортските настани поради опасно загадениот воздух во земјата.

Така, сите училишта лоцирани во главниот град Техеран, дом на 14 милиони луѓе, ќе останат затворени в понеделник, а спортските настани закажани за истиот ден се одложени.teheran

Воведени се и ограничувања за сообраќајот во главниот град, вклучувајќи и забрана за сообраќај на камиони.

Во воздухот во главниот град биле регистрирани 185 микрограми фини честички на метар кубен.

Испрати коментар

Scroll To Top