Насловна / Вести / Поништено решението за градба на седиштето на ВМРО – ДПМНЕ

Поништено решението за градба на седиштето на ВМРО – ДПМНЕ

Scan - balkon (1)

По предлог на овластениот градежен инспектор на општина Центар, градоначалникот на општината го поништи решението во тек на градба за седиштето за објектот на ул. “Ѓуро Стругар“ ББ, во кој едниот дел е наменет за деловни дејности, а другиот е хотелски комплекс. Објектот за деловни дејности е, всушност, седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. По одлуката на градоначалникот, ќе следува решение за отстранување на диво-изградената тераса.

Scan - balkon (2)

Решението, издадено од Секторот за урбанизам на општина Центар, е врз основа на соодветното решение на Град Скопје, кој дозволил инвеститорот ДГ “Бетон“ да отпочне со изведување на градбата во чиј склоп, како што се наведува, е и настрешница во функција на објектот.

Градежна инспекција на општина Центар излезе на лице место и направи увид, при што е констатирано дека не се работи за настрешница, туку за тераса која е изградена без одобрение. И од проектот на “Бетон“ се гледа дека се работи за тераса, бидејќи на проектот е нацртан човек кој се движи по терасата и влез од терасата кон внатрешноста на објектот.

Инспекцијата на општина Центар констатираше дека објектот на ул. “Ѓуро Стругар“ ББ е пуштен во употреба, без претходно издадена употребна дозвола.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top