Насловна / Вести / Погледнете како изгледа кампусот на Apple Park непосредно пред отворањето

Погледнете како изгледа кампусот на Apple Park непосредно пред отворањето

Дрон ги забележал како изгледаат завршните работи на импресивниот проект на архитектот Норман Фостер во Купертино.

Apple Park започнува со работа наскоро, кога се очекува 12.000 луѓе да се вселат во своите нови канцеларии. Процесот на вселување ќе трае во следните шест месеци, заради дополнителните работи на кампусот. Apple Park, кој зафаќа површина од 71 хектари, е импресивно деловно здание кое личи на вселенски брод кој слетал во Силиконската долина.Apple-Park

Во кампусот се лоцирани голем број објекти кои се во различни фази на реализација. Со просторијата доминира огромна конструкција во форма на прстен, кој стана заштитен знак на паркот. Покривот, како и покривот од соседниот објект кој е во функција на гаража, во потполност се покриени со соларни панели.Apple-Park0

На снимките од дронот, може да се виде и аудиториум со 1000 седишта, кој е именуван по основачот на Apple, Стив Џобс, пишува Dezeen.

Останатите објекти во кампусот се центар за посетители, Apple продавница и кафуле, како и фитнес-центар за вработените на површина од 9300 квадратни метри. Како дел од оваа зграда се наоѓаат и истражувачки и развојни центри.Apple-Park2

Проектот на уредување на пејзажот го потпишува студиото OLIN. Тие осмислиле значителен број дрвја во кампусот низ кој се провлекува 3,2 километри долга патека која вработените ќе можат да ја користат за рекреација.Apple-Park4

Испрати коментар

Scroll To Top