Насловна / Вести / Почнува петтата Недела на дизајн во Скопје

Почнува петтата Недела на дизајн во Скопје

5nedela na dizajn vo skopje

Од денес започнува петтото издание на Недела на дизајн во Скопје (Skopje design week) и ќе трае до 29 ноември. Годинава, оваа манифестација ќе се одржува на нова локација – во Центарот за дизајн и иновации Јавна соба, кој беше отворен минатиот месец.

Манифестацијата и оваа година ќе понуди предавања и работилници за дизајнери и архитекти со над 150 учесници од Македонија и од неколку земји, работилници за деца и музичка програма. Во фокусот на годинашното издание ќе биде изложбата „Млади балкански дизајнери“.5nedela na dizajn vo skopje (3)

По повод малиот јубилеј, ќе бидат претставени околу 30 македонски брендови кои во изминатите пет години биле поддржани од „Скопје дизајн вик“. Целта е да се охрабрат дизајнерите и компаниите за нови производи кои ќе се пласираат како бренд во земјава и во странство, а Јавна соба во својот нов простор им нуди и работилница каде што може да развијат прототипови.

Директорот на „Скопје дизајн вик“ Александар Велиновски на вчерашната прес-конференција рече дека со новоотворениот простор манифестацијата не трае само неколку дена, туку 365 дена зашто Јавна соба е отворена за секој креативец. Со целосното опремување на мајсторската работилница за прототипови во 2016, тој очекува во наредните години да се остварат над 150 нови македонски брендови – производи и услуги кои, како што рече, нема да бидат виртуелни, туку ќе ги има реално на пазарот. Посочи дека е важна поддршката на македонски брендови дома зашто од тоа зависи и нивната афирмација надвор од Македонија.5nedela na dizajn vo skopje (7)

– Мора прво да ја зајакнеме домашната сцена и кон домашните брендови да се однесуваме со повеќе почит бидејќи повеќе ги вреднуваме странските брендови, а домашните ги запоставуваме. Покрај продукција, ни треба и свест за афирмација, така ќе си помогнеме себеси – рече Велиновски.

Според Марта Наумовска-Грнарова, програмски директор на „Скопје дизајн вик“, целта на организирањето на манифестацијата во 2011 online casino година била повеќе да се зборува за дизајнот, односно на студентите од факултетите за дизајн да им се донесат експерти кои ќе ја разбудат нивната креативност, а компаниите да ги научат како да инвестираат во дизајн. Таа рече дека по пет години, Неделата влегува во нова, транзициска фаза, во која треба да се покаже знаењето.5nedela na dizajn vo skopje (6)

– Улогата на Македонија не е да биде Кина, не може да се натпреваруваме со евтини производствени дестинации, но можеме да ја пласираме модерно спакувана нашата приказна – рече Наумовска-Грнарова и соопшти дека во изминатите четири изданија имале над 250 учесници, 80 странски гости, над 100  презентации, над 70 работилници и повеќе од 40 000 посетители.

Новиот Центар за дизајн и иновации – Јавна соба, кој е единствен од ваков вид на Балканот како урбан, иновативен и мултимедијален простор, на дизајнерите им го обезбеди Министерството за култура.5nedela na dizajn vo skopje (2)

Изложбата „Млади балкански дизајнери“ е поставена на потпокривното ниво од Центарот Јавна соба. Таа произлезе од Балканската дизајн-мрежа, формирана минатата година, и веќе успешно се промовира и надвор од границите на Балканот. По претставувањето во Истанбул, ќе патува во Будимпешта, а потоа во Келн – на најголемиот саем на индустријата за мебел.5nedela na dizajn vo skopje (5)

Испрати коментар

Scroll To Top