Насловна / Вести / Почнува најскапиот инфраструктурен проект во Црна Гора

Почнува најскапиот инфраструктурен проект во Црна Гора

patista crna gora

Црногорското Собрание даде зелено светло за почеток на најскапиот инфраструктурен проект во оваа земја – изградбата на автопатот Бар-Бољари треба да започне напролет.
Црна Гора до сега е единствената земја на Балканот која нема ниту километар автопат. Тоа треба да се промени за четири години, до кога црногорската Влада и кинеската Ексим банка очекуваат да биде завршена првата делница од овој автопат.
Ексим банката за овој автопат одобри кредит од 687 милиони евра, додека преостанатите 120 милиони евра треба да ги обезбеди Владата во Подгорица.
Отплатата на средствата од кредитот, која ќе трае цели 20 години, ќе ја чини Црна Гора преку една милијарда евра. Според договорот, домашните изведувачи ќе извршуваат една третина од предвидените работи, додека најголемиот дел или околу 70% ќе ги изведува компанијата „Чајна Роуд енд Бриџ Корпорејшан“ од Кина.
За тоа време, Кинезите кои ќе работат во Кина се ослободени од ДДВ, придонеси за вработените и царински давачки. Владата се уште нема пресметки колку дополнително ќе загуби буџетот од овие бенефиции.
Еден километар од овој автопат ќе ја чини Црна Гора цели 20 милиони евра, што е три пати повеќе од цената за километар автопат што ја плаќа на пример Србија за автопатот од Белград до црногорската граница. Километар автопат во Хрватска, пак, просечно изнесува 4,1 милиони евра, додека најскапиот километар хрватската Влада го платила 17 милиони евра. Црногорските власти ваквата разлика во цената ја правдаат со тешкиот терен на кој ќе се гради автопатот, бидејќи повеќе од половина од првата делница ќе ја сочинуваат тунели и мостови.
Според проценките, инвестицијата се очекува да се врати за околу 17 години од почетокот на изградбата, односно 13 години од почетокот на користењето на автопатот. Автопатот ќе го градат околу 4.000 работници, од кои најголемиот дел ќе бидат донесени од Кина.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top