Насловна / Вести / Почнува изградбата на новиот стадион на Милан

Почнува изградбата на новиот стадион на Милан

milan stadion

Советот на општина Милано вчера и официјално го одобри проектот на Милан за изградба на нов стадион, кој ќе биде изграден во „Портељо“ во непосредна близина на клупското седиште „Каса Милан“.

Милан вчера официјално потврди дека е постигнат договор за откуп на земјиштето и дека наскоро ќе се почне со градба на стадионот, кој ќе има капацитет од 50.000 седишта, а треба да биде готов до 2018 година.

milan stadion (2)

„Ова е прв историски чекор за Милано да стане како Лондон. Ќе изградиме нов стадион кој ќе биде симбол на градот, а најважно е што стадионот ќе биде достапен до јавниот превоз и ќе може да се доаѓа со метро. Од комерцијална страна, овој стадион на клубот на годишно ниво ќе му носи од 50 до 80 милиони евра, средства кои ќе бидат користени за нови засилувања на тимот“, изјави Барбара Берлускони.

Стадионот ќе биде милутифункционален, а во целиот комплекс ќе има и хотел, шопови, барови како и подземен паркинг. Клубот за реализација на овој проект веќе обезбедил буџет од 350 милиони евра.

milan stadion (3)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top