Насловна / Арт и дизајн / Почнува 5. Интернационален симпозиум „Кураторски размени“, организиран од „Прес ту егзит“.

Почнува 5. Интернационален симпозиум „Кураторски размени“, организиран од „Прес ту егзит“.

Вечерва во клубот ГЕМ во Скопје, со почеток во 19 часот, ќе се одржи презентација на најновата книга ‘When Attitudes Become the Norm: the contemporary curator and institutional art’ на словенечка историчарка и теоретичарка на уметноста Бети Жеровц, проследена со отворена дискусија, а модератор на презентацијата ќе биде уметникот Јане Чаловски.

Настанот е дел од програмата на 5. Интернационален симпозиум „Кураторски размени“, организиран од проектниот простор „Прес ту егзит“.iza_beti-zerovc_cover

Станува збор за годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на теоретски и уметнички истражувања, кураторски практики и едукација.

Бети Жеровц предава на Катедрата за историја на уметност на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Љубљана. Нејзини предмети на истражување се визуелната уметност и уметничкиот систем од средината на деветнаесеттиот век, како и нивната улога во општеството. Во изминатите петнаесет години нејзиното истражување се концентрира на феноменот на совремеиот куратор, на современите изложби како медиум, и променетата улога на уметничките институции.

Книгата ‘When Attitudes Become the Norm’ (издадена од Archive Books и Igor Zabel Association for Culture and Theory, 2016) на авторката Бети Жеровц е збирка на есеи и интервјуа која се осврнува на куратоските практики во современата уметност. Жеровц ги испитува кураторските практики во однос на поширокиот социјален, политички и економски контекст, како и во релација со силните промени кои се случија во полето на уметноста во минатиот век. Таа кураторот го анализира како личност која се појавува, се развива, и учествува во институционализирањето на современата уметност и констатира дека со неговата појава институционална уметност – уметноста дизајнирана со намера да одговара на просторот и потребите на институцијата – достигнува целосен израз.

Петтото издание на симпозиумот насловен „Институционалното како јавно“ покрај Бети Жеровц, оваа година ќе ги претстави и австриската кураторка, културна теоретичарка, урбана истражувачка и писателка Елке Красни, и македонската уметничка и урбана истражувачка од Берлин, Ивана Сиџимовска, кои ќе приложат различни дискурзивни презентации и проекти преиспитувајќи до кој степен институциите, јавноста и уметничката практика коренспондираат со развојните концептоти за критичко курирање.poster-kuratorski-razmeni

Улогата и се’ позабележителното влијание на кураторот во контекст на културната продукција воопшто, како и условеноста на неговото делување во и вон институционалните рамки, ќе бидат подложени на критичко размислување и анализа со секоја презентација и работна сесија. На тој начин симпозиумот ќе се обиде да адресира различни методологии и услови кои ја дефинираат кураторската практика како канал за социјални и политички критики и како практика изразена како логичен континуитет во процесот на поттикнување на културните, како и социо-политичките промени во современото општество.

Симпозиумот е куриран, организиран и реализиран од страна на историчарката на уметност Јованка Попова, и уметниците и коосновачите на Проектниот простор Прес ту егзит, Христина Иваноска и Јане Чаловски.

Овогодинешниот симпозиум е организиран во соработка со: Клуб ГЕМ (Скопје), MAD Kitchen (Скопје) и Modesty (Токио), а поддржано од: Министерство за култура на Република Македонија, Совет на Град Скопје и Австриска амбасада, Скопје.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top