Насловна / Вести / Почна асфалтирањето на влезната сообраќајница во Штип од Кочани

Почна асфалтирањето на влезната сообраќајница во Штип од Кочани

obikol3_resizeЈП за државни патишта започна со асфалтирање на пристапната сообраќајница до Штип при влез од Кочани, од триаголникот кај Чардаклија па се до кружниот тек кај „Железничка“.

На стартот на градежните зафати присутен беше и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев: „Започнуваме со уредување на уште еден од влезовите во Штип. Со ова практично сите влезови во градот ќе бидат асфалтирани. Во 2013 беше асфалтирана обиколницата во Ново Село, при влез од Струмица и Радовиш, пред некој месец го завршивме влезот во Штип од Скопје и Велес а сега го уредуваме влезот и од Кочани кон Штип и сето тоа со финансиска поддршка на ЈП за државни патишта“.obikol1_resize

Според Захариев, сега ќе биде поставен едниот слој на асфалтот  а на пролет ќе биде поставен порамнувачкиот слој со што комплетно ќе се обнови сообраќајницата.

Испрати коментар

Scroll To Top