Насловна / Вести / По најновата забрана во Германија, уште 300.000 дизел возила ќе завршат на Балканот

По најновата забрана во Германија, уште 300.000 дизел возила ќе завршат на Балканот

Germanija euro6

Новата Одлука на еден од регионалните судови во Германија гласи: „Сите автомобили без стандард на моторот ЕУРО6 – надвор од сообраќајот.“ Главната цел на земјата со оваа своја политика е подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на животната средина.  Но, освен за еколошкиот аспект, се работи и за казна за производителите кои ги лажираа тестовите за емисија на јаглерод диоксид од возилата, како и стимулација на населението за купување на нови возила.

Germanija zabraneto za dizel

Стручњаците прогнозираат дека оваа одлука ќе има големо влијание врз пазарите на половни автомобили на Балканот, но и оние во Азија и Африка. Се проценува дека околу 300.000 половни дизел возила во наредните три години ќе стигнат само на Балканот, и тоа првенствено во Србија, Црна Гора и Македонија.

Germanija autoplac

Во 2016 година, 46% од произведените возила во Германија биле на дизел погон а секое петто работно место во земјата е во автомобилската индустрија.

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top