Насловна / Вести / Петиција за зачувување на паркот и измена на ДУП-от во Тафталиџе

Петиција за зачувување на паркот и измена на ДУП-от во Тафталиџе

Во недела (29 мај) во 18 часот во паркчето на улица „Букурешка“, жителите на Тафталиџе најавуваат дека ќе започне потпишување петиција за зачувување на паркот и измена на ДУП-от.петиција и дружба

Од иницијативата за спас на паркот посочуваат дека се револтирани од намерата да се гради зграда на местото на сегашното зеленило. Покрај потпишувањето на петицијата, се најавува и маалска дружба со двочасовно музичко шоу заедно со Beta House и DJ Irie Scratch.

„Заедно сплотени уживајќи во добра музика и дружејки се да се ПОТПИШЕМЕ за нашата иднина. Не дозволувај да фрлат бетон врз твојата иднина. Излези и потпиши се“, се вели во најавата за настанот на социјалните мрежи.

Испрати коментар

Scroll To Top