Насловна / Вести / Пет милиони евра од ЕБОР за да се подобри енергетската ефикасност кај домаќинствата

Пет милиони евра од ЕБОР за да се подобри енергетската ефикасност кај домаќинствата

Со две кредитни линии вредни пет милиони евра Европската банка за обнова и развој ќе ја поддржи Шпаркасе банка- Македонија во напорите да се подобри енергетската ефикасност кај домаќинствата. Со првата линија, вредна два милиона евра ќе се кредитираат набавките на енергетски ефикасни уреди, врати, прозорци, фасади, додека со втората, од три милиони евра, ќе се кредитира купувањето нови станови.ебор

Договорите ги потпишаа Анка Јоану Јонеску, претставник на ЕБОР во земјава и Глигор Бишев, претседател на управниот одбор на Шпаркасе банка- Македонија.

„Ова е прв проект од овој вид со кој што се поддржуваат инвестициите во подобрување на енергетската ефикасност на постојните домови, како и изградба на нови“, изјави Јоана Јонеску, претставник на ЕБОР во Македонија.

За првпат Европската банка за обнова и развој одобрува и грант за кредити наменети за населението во земјава.

„Овие средства можат да се употребат, да штедите енергија и со заштедените средства да го вратите кредитот. А покрај тоа да имате и грант од 15 до 20% од износот на кредитот“, вели Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка- Македонија.

Вкупниот трошок за повлекување на кредитната линија од ЕБОР за банката изнесува само 1,95%, изјави Бишев, а каматата за кредитобарателите ќе биде одредена дополнително. Првите кредити ќе бидат одобрени во март наредната година, а од банката велат дека со грантот од ЕБОР практично ќе биде покриен трошокот за камата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top