Насловна / Архитектура / Париз најавува изградба на седум спектакуларни облакодери како одговор на Брегзит

Париз најавува изградба на седум спектакуларни облакодери како одговор на Брегзит

Pariz novi obakoderi najava kolaz
Францускиот архитект Жан Нувел и британскиот дизајнер Норман Фостер, предложија изградба на седум облакодери и кули во квартот La Defense, како дел од обидот за унапредување на деловните прилики во Франција по Брегзит. Оваа идеја ја објави францускиот претседателски кандидат на социјалистите Емануел Макрон, при неодамнешната посета на Лондон и средбата со Тереза Меј. Тој притоа објасни дека овие објекти ќе бидат добра прилика за банкарите, истражувачите, бизнисмените и други кои поради излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе можат да ги преселат своите бизниси во Франција.
„La Defense е клучна и одржлива дестинација во срцето на Европа која нуди ниво во културата, квалитетот на живот и извонредна динамичност. Сето тоа се фактори кои треба да ги земете предвид кога одлучувате за локацијата на вашиот  деловен простор“, вели Marie-Célie Guillaume, директор на компанијата што управува со овој деловен дистрикт.https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f5/Place_de_la_Defense_2004.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top