Насловна / Вести / Панорамското тркало ќе почне да работи во 2019 година?

Панорамското тркало ќе почне да работи во 2019 година?

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ја гради новата атракција во центарот на Скопје. Според планот, изградбата на Панорамското тркало ќе треба да заврши во 2019 година.панорамско тркало

Тркалото се гради на нов пешачки мост на Вардар, во делот помеѓу Музејот на ВМРО и новиот театар. Ќе биде високо 73 метри, мерено од брегот на реката, а ќе има дијаметар од 57 метри.

Тоа ќе има 30 гондоли, а во една ќе можат да се соберат осуммина возрасни и две деца. Гондолата ќе може да издржи товар од 750 килограми. Максимален капацитет на патници на панорамското тркало ќе биде 300, односно 240 возрасни и 60 деца.

Еден коментар

  1. Даниела

    O tempora! O mores!….. Bilo kakov drug komentar e nesoodveten

Испрати коментар

Scroll To Top