Насловна / Ентериери / Панорамскa градина во Љубљана

Панорамскa градина во Љубљана

panoramska gradina_3

Проектот панорамски градина на Стопанска комора на Словенија во Љубљана претставува прва структурна интервенција на објектот, кој претходно беше реализиран од страна на истите архитекти. Автори се SVA, Јуриј Садар, Боштјан Вуга, Тина Хочевар, Јања Бродар и Александар Лалиќ. Градината е создадена на врвот на зградата, кој претходно претставуваше голема тераса. Новиот објект на површината на 194,6 м2 претставува застаклување на постоечката тераса, и проширување на истата со веќе постоечка просторија за ВИП гости.

panoramska gradina_5
Во оваа стаклена зимска градина, поставена е т.н. зелена „лента“ во која се сместени корита и кошници со бујна тропска вегетација. Панорамската градина претставува најатрактивен ентериер во зградата на Комората и воопшто еден нов социјален концепт за деловните и административни објекти во Љубљана. Исто така, самата градина е наменета и за церемонијални настани, доделување на разни награди, промоции и други средби за поголем број на луѓе.
Поставеноста на раздвижената зелена лента овозможува поделба на просторот во повеќе микро амбиенти. Растенијата и зеленилото во внатрешноста, играта на светло и сенки кои ги создаваат надворешните ламели и прекрасниот поглед на околината од врвот на зградата, претставуваат вистинска комбинација за релаксирана деловна атмосфера.panoramska gradina_2 panoramska gradina_3 panoramska gradina_4 panoramska gradina_7 panoramska gradina_8 panoramska gradina_1

Испрати коментар

Scroll To Top