Насловна / Вести / Пакистан воведува АТМ уреди за вода за пиење

Пакистан воведува АТМ уреди за вода за пиење

ATM za VODA
Пакистанската покраина Punjab воведува зелена иновација – АТМ уреди  на соларна енергија кои наместо готовина на корисниците им нудат вода за пиење.

Прототипот на оваа машина изгледа како банкомат, а се користи на сличен начин: корисниците ќе добијат соодветна количина на вода за пиење кога ќе вметнат соодветна картица. Проектот предвидува инсталирање на „водомати“ кај секоја постројка за филтрирање на вода во руралните делови на покраината. Целта на проектот е да се обезбеди чиста вода за пиење и да се спречи нерационалното трошење на водата.

Секое семејство со користење на посебни единствени картици ќе може да добие највеќе 30 литри вода дневно. Вакви уреди веќе функционираат во Индија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top