Насловна / Вести / Овој викенд очекувајте го метеорскиот рој Персеиди

Овој викенд очекувајте го метеорскиот рој Персеиди

Секоја година, август е месец кој за астрономите е обележан со исчекување на метеорскиот рој Персеиди. Се работи за прекрасен ноќен настан, чиј интензитет варира од година во година, а ретко разочарува: за време на максимумот, можат да се видат повеќе од 60 метеори на час. Минатата година, на пример, оваа бројка достигна до 150 метеори на час (тоа се очекувањата и за оваа година), а во 2004-та година во еден час можеле да се забележат над 200 метеори.persedi

Персеидите се појавуваат како резултат на согорување на остатоците од кометата Свифт-Татл, а чија патека нашата планета секоја година ја пресекува во овој период. Персеидите се веќе активни, и ќе можат да се набљудуваат до 24-ти август, со максимум во ноќта помеѓу 11-ти и 12-ти август. За жал, Месечината ќе го осветлува небото цела ноќ, но тоа не би требало да претставува препрека за набљудување на посјајните метеори.

За да видите што повеќе метеори, ноќта овој петок кон сабота, препорачливо е да одите на место кое е подалеку од градовите, бидејќи таму небото е потемно. Свртете се кон североисток и побарајте го соѕвездието Персеј, според кое е именуван метеорскиот рој, бидејќи тука се наоѓа радијантот – точка од која привидно извираат метеорите. Бидете трпеливи, и во текот на ноќта сигурно ќе бидете наградени со барем неколку светли линии кои ќе го пресечат небото.

Дополнително, на веб-страницата astronomija.mk можете да прочитате и подетални совети за набљудување метеори, како и совети за фотографирање на метеорите. Не ги пропуштајте овогодинешните Персеиди, и споделете ги искуствата од доживувањето на фејсбук страницата на Астрономија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top