Насловна / Вести / Овој шведски град ќе биде комплетно дислоциран

Овој шведски град ќе биде комплетно дислоциран

Кируна е шведски град кој се наоѓа на самиот раб на арктичкиот круг и брои нешто повеќе од 18.000 жители. Фактот што тој наскоро ќе биде преместен три километри источно, нема ништо заедничко со климатските промени, што веројатно е првата асоцијација.svedska_1

Кируна е основан во 1900 година од страна на државната рударска компанија, и оттогаш опстојува како индустриски град.

Денес градот е сериозно загрозен, бидејќи блиските рудници ги продлабочуваат своите копови, па теренот е нестабилен и претставува закана за објектите во градот. Рударската компанија LKAB одлучила да вложи над милијарда долари во проектот за преселба на комплетниот град на нова локација. svedska_2

Преселбата ќе се реализира во фази и ќе трае во наредните неколку години. Досега веќе се преселени околу 10% од населението.svedska_3

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top