Насловна / Архитектура / Оваа зграда во Берлин го прочистува воздухот на својата околина

Оваа зграда во Берлин го прочистува воздухот на својата околина

Првата зграда на познатиот полски архитект Даниел Либескинд во Берлин е интересно обликуван објект кој буквално го чисти околниот воздух. Зградата наречена „Сафир“ е обложена со геометриски плочки, кои се обложени со слој од титаниум диоксид кој ја разложува нечистотијата кога е изложена на сончеви УВ зраци, пишува ArchPaper.сафир берлин_5

Иако не е сина, зградата црпи инспирација од обликот на сафирот, по кој и го добила името. Исто како и овој скапоценет камен, и новата зграда во Берлин има коси површини кои ја прават фасадата интересна и невообичаена. Сепак, уште поинтересна информација е дека оваа фасада, помага на еколошкиот аспект на локацијата каде што е поставена.сафир берлин_1

Фасадата е обложена со 3.600 плочки на италијанската компанија Casalgrande Padana, од кои само 500 се со стандардни големини, додека сите други се направени по мерка. Секој плочка е внимателно поставена според замисла на архитектот, и овој процес не бил ни малку едноставен. За тоа му требале цели четири месеци.

Премазот на база на титаниум диоксид ја има развиено јапонскиот „ТОТО“, и е сличен на „Херомат“ кој го развиле експерти од Технолошкиот факултет во Нови Сад.сафир берлин_4

Поради карактеристичните фасади и апартманите се сосема невообичаени. Во нив доминираат коси прозорци, балконски врати кои не се паралелни со ѕидовите и слични нешта кои внесуваат динамика во просторот, но станарите мораат да ангажираат дизајнери на ентериери за да им ги решат становите.сафир берлин_3

Горните катови се резервирани за станови, додека на приземјето ќе има комерцијален простор. За сите станари е обезбеден паркинг во подземната гаража.сафир берлин_2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top