Насловна / Архитектура / Ова е новата куќа на Иванка Трамп во Вашингтон

Ова е новата куќа на Иванка Трамп во Вашингтон

Rapoport Residence

Најстарата ќерка на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер, сепак ги потврдија гласините дека се селат во Вашингтон. Двојката ќе живее во куќа вредна 5,5 милиони долари во елитен кварт на Вашингтон.

novata-kukja-na-ivanka-tramp-vo-vasington4

Куќата има околу 650 метри квадратни, а се состои од шест модерно дизајнирани соби и седум бањи. Изградена е во 1923 година, а проектот е дело на архитектот Waddy Wood. Последен пат е продадена во декември минатата година за 5,5 милиони долари. Сепак, се уште не е познато дали семејството Трамп – Кушнер ја изнајмило или ја купило оваа куќа.

Rapoport Residence

Интересно е дека на само два блока од оваа куќа, семејството Обама ја изнајми својата нова резиденција. Калорама е историски вашингтонски кварт со најголем број амбасади, резиденции на амбасадори и други високи функционери.

novata-kukja-na-ivanka-tramp-vo-vasington3 novata-kukja-na-ivanka-tramp-vo-vasingtoncnn

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top