Насловна / Архитектура / Отворен шопинг центарот „Рајиќева“ во Белград

Отворен шопинг центарот „Рајиќева“ во Белград

Првиот трговски центар на најпознатата белградска улица – Кнез Михајлова, официјално е отворен.

Трговскиот центар во улица „Рајиќева“ е инвестиција на израелската компанија Ashtrom Group во вредност од 80 милиони евра, а во новите 15.300 квадратни метри површина дизајнирани за уживање и купување во центарот на градот, сместени се повеќе од 80 продавници и 500 подземни паркинг места.рајиќева_3

Инаку за самиот проект, минатата година во списанието „Порта 3“ и на нашиот портал објавивме детален приказ од архитектонска и градежна смисла ( https://www.porta3.mk/rajikjeva-novo-znachenje-za-ime-na-edna-mala-ulica/ ).

Урбанистички, комплексот е изграден од трајни, природни и индустриски материјали со користење на современа технологија и истовремено почитувајќи го историското и културно наследство на локацијата, со цел да се зачува традицијата на најразвиениот трговски центар на градот и да одговори на потребите на современите посетители.рајиќева_2

Пред почетокот на градежните зафати, биле извршени две фази на археолошки истражувања во кои биле вклучени Градскиот завод за заштита на споменици и Археолошки институт. Најдени се остатоци од вториот, четвртиот и 17 век, кои биле реконструирани, сочувани и презентирани.

Архитектонското решение на центарот, кое зад себе има награда на меѓународен архитектонски конкурс, е дело и резултат на познатиот српски архитект и академик Милан Лојаница и неговиот син професорот Владимир Лојаница на Архитектонскиот факултетот во Белград, но и на повеќегодишна соработка со сите релевантни институции, додека во изведбите на градежните работи биле ангажирани исклучиво локални подизведувачи.

Трговскиот центар „Рајиќева“ ги има сите неопходни сервисни единици, како што се супермаркет, аптека, мобилни оператори, продавници за облека, прибор за домаќинство и електроника. На овој начин, проектот не е само нова градска дестинација, туку важен дел од локалната и бизнис заедницата.рајиќева_1

Трговскиот центар ќе има посебни влезови од сите страни, што го прават лесно достапен за сите граѓани кои доаѓаат од различни делови на градот, како и паркинг простор на три нивоа со 450 седишта.

Испрати коментар

Scroll To Top