Насловна / Вести / Отворен нов Супер Тинекс маркет во катната гаража на „Јужен булевар“

Отворен нов Супер Тинекс маркет во катната гаража на „Јужен булевар“

DCIM100GOPROGOPR1511.

Компанијата „Тинекс“ го отвори 10-тиот Супер Тинекс маркет во катната гаража на „Јужен булевар“. Објектот, кој се простира на 1.300 м2 и во него работат 46 лица, ги соддржи сите оддели за современо пазарување, од свежо месо и риба, пиљара, пекара, деликатеси, па се до стандарните програми на артикли чиј асортиман брои повеќе од 12.000 продукти.
Станува збор за модерно изведен објект со современа и висококвалитетна опрема. Воедно, просторот на маркетот го разубавува и веселиот детски корнер, игротека наменета за најмладите посетители.
Во оваа катна гаража се отвори и првиот од ланецот објекти Tinex to go, еден нов концепт на ресторани со самопослужување, како решение за краток одмор со богата понуда на кафе, свежо цедени сокови, ладни сендвичи, салати и слатки. Во план е и отворање на вториот Tinex to go, кој се наоѓа во населбата Аеродром, односно во рамките на Супер Тинекс Кончар.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top