Насловна / Арт и дизајн / Отворен музеј на рок музиката со конзола долга 20 метри

Отворен музеј на рок музиката со конзола долга 20 метри

Новиот музеј во Данска со својот импресивен изглед претставува вистинска сцена на рокот и омаж на славните изведувачи на добрата музика.muzej na rok muzika vo danska (11)

Музејот на рокот Ragnarock, кој е формиран во соработка меѓу архитектонското студио MVRDV и компанијата COBE, неодамна беше отворен за јавноста.muzej na rok muzika vo danska (7)

Со златната фасада и кадифениот црвен ентериер, овој објект, според авторите, го сјае рокенрол ставот.muzej na rok muzika vo danska (4)

Она што ги импресионира не само посетителите на музејот туку и луѓето од професијата, е храбро надвиснатата конзола над влезното фоаје долга 20 метри.muzej na rok muzika vo danska (9)

Фасадата е направена од златни панели со пирамидална форма кои треба да потсетуваат на звучните изолации во музичките студија.

Музејот Ragnarock е дел од проектот ROCKmagneten, односно на урбанистичкиот план за областа околу музејот, каде што некогаш била сместена фабрика за бетон. Рок музејот е поставен во срцето на оваа локација, која е замислена како центар на музика и култура.muzej na rok muzika vo danska

Симболичното име Ragnarock во нордиската митологија е името на последната битка на боговите против злото, по што настанува новиот поредок.muzej na rok muzika vo danska (3)

Според Дан Stubbergaard од фирмата COBE, дизајнот на музејот е дизајниран така, да претставува имиџ и став на рок музиката. Идејата била да се насочи рок енергија и да се обликува низ архитектура, пишува ArchDaily.muzej na rok muzika vo danska (5)

Кадифено црвената боја во ентериерот не е случајно избрана. Поточно, таа треба да потсетува на кадифената внатрешност на футрола од гитара.muzej na rok muzika vo danska (6)

Четирикатниот објект, со дваесет метри долга конзола, содржи многу јавни содржини. Во музејот се наоѓаат изложбени простори, кафулиња, работилници, библиотека, студио за снимања како и отворен простор за изведување на музика.muzej na rok muzika vo danska (8)

Музејот Ragnarock, како своевиден омаж на рок-ѕвездите како што се Боуви, Џегер и Хендрикс, ќе биде отворен за јавноста во текот на годината.muzej na rok muzika vo danska (10)

Испрати коментар

Scroll To Top