Насловна / Вести / Отпадот од Винча како електрична и топлинска енергија

Отпадот од Винча како електрична и топлинска енергија

По тригодишни подготовки од идниот месец почнува да се решава најголемиот еколошки проблем во Европа – складиштето за радиоактивен отпад во Винча, близу до Белград, пишува белградскиот весник „Вечерње новости“, истакнувајќи дека во градската управа пристигнале пет предлози за државно-приватно партнерство.

Отворањето на понудите ќе се одржи на 13 јули и тогаш ќе стане јасно која странска фирма ќе го санира и затвори складиштето.

Отпадот ќе биде претворен во електрична и топлинска енергија.beograd-vinca-nuklearni-otpad

Градоначалникот на Белград Синиша Мали наведе дека новите капацитети ќе произведуваат околу 30 мегавати електрична енергија или 100 мегавати топлинска енергија.

Вкупната вредност на инвестицијата за складиштето е 300 милиони евра, а сумата ќе биде обезбедена од приватен партнер.

Новите капацитети ќе го зголемат производството на електрична и топлинска енергија.

Договорот за државно-приватно партнерство е таков, што во следните 20-25 години објектот ќе остане во сопственост на градот. Компанијата што ќе биде партнер ќе управува со складиштето само на определено време.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top