Насловна / Архитектура / Ospedale del Mare во Неапол – Јавен плоштад кој ги поврзува градот и болницата

Ospedale del Mare во Неапол – Јавен плоштад кој ги поврзува градот и болницата

Image-IAN -OSPEDALEDELMARE-54700-PH_MFP_4141_photoMarioFerrara

Во италијанскиот град Неапол, неодамна официјално се отвори новата рецепција и влезен хол во болницата „Hospital of the Sea“ (Ospedale del Mare). Главни дизајнери на новосоздадената структура се сопствениците на архитектонското студио IaN+, архитектите Carmelo Baglivo, Luca Galofaro и Stefania Manna.

Студиото IaN+ уште од своето основање во 1997 година се занимава со теоретските и практичните аспекти на архитектурата, а она што придонесува да се разликуваат од останатите е изградбата на мултидисциплинарен пат на истражување, што воедно ги прави познати на меѓународната сцена.Image-IAN -OSPEDALEDELMARE-54700-PH_MFP_4215_photoMarioFerrara

По барање на тогашниот министер за здравство Umberto Veronesi, во 2001 година познатиот архитект Ренцо Пијано (Renzo Piano) изработил модел за изгледот на болницата.

На планирата стуктура било план да се додаде рецепција чијашто главна специфика ќе биде посветеноста кон секојдневниот живот, односно ќе содржи мноштво фукнции кои ќе бидат во помош на пациентите, вработените и посетителите, овозможувајќи полесни пристапи и влијаејќи позитивно врз психичкото расположение на оние што се наоѓаат во болницата.Image-IAN -OSPEDALEDELMARE-54700-PH_MFP_4113_photoMarioFerrara

Во 2004 година, архитектонското студио Ian+ настапува на сцената со свој предлог-план за можниот изглед на рецепцијата, меѓутоа нејзината изградба постојано била во прекин, којшто конечно е надминат со склучување на договор со фирмата Astaldi Spa.Image-IAN -OSPEDALEDELMARE-54700-PH_MFP_4207_photoMarioFerrara

Концептот на Ian+ се базира на создавање јавен плоштад кој ќе ги поврзе градот и болницата, а истовремено ќе озоможи пристапи и сервисни функции околу простран светол влез кој е распореден на три ката. Јавниот плоштад заедно со влезниот хол, во кој се интегрирани разновидни приемни сервиси, се завршени во месец март минатата година, додека дистрибуционите патеки коишто овозможуваат пристапи до болницата моментално се уште во изградба.Image-IAN -OSPEDALEDELMARE-54700-PH_MFP_4135_photoMarioFerrara Image-IAN -OSPEDALEDELMARE-54700-PH_MFP_4122_photoMarioFerrara

Системот на местата за прием во влезниот хол е веднаш видлив, како резултат на присуството на голем кружен волумен и надворешната обработка од панели во боја изработени од комбинација на армиран бетон и стакло. До влезниот хол се пристапува преку плоштад, поставен линеарно во однос на самиот влез, кој на крајот се проширува според самата хала.

Поплочениот плоштад дефинира одредена површина преку употребата на слој од смола и каменчиња т.н. „зелени Алпи“. На неа се надоврзува површина на која се поставени тенки столбови во различни бои и клупи за седење, односно вклучува една слика на вештачки пејзаж на метални засолништа во комбинација со дрвја.Image-IAN -OSPEDALEDELMARE-54700-PH_MFP_4252_photoMarioFerrara

Салата им нуди на посетителите перцепција на голем и динамичен простор во кружна форма, којшто дистрибуира мноштво функционални и сервисни услуги околу главните патеки. Насоката на патеката што води кон болницата ротира за 30 степени во однос на влезната врата, а во истата насока се поставуваат и ескалаторите што водат до горните нивоа. Тенките метални столбови со кружен пресек пркосат на правилната геометрија на структуралната рамка и се поставени слободно во просторот.Image-IAN -OSPEDALEDELMARE-54700-PH_MFP_4261_photoMarioFerrara

Целиот волумен, поделен на три нивоа, е исполнет со светлина која филтрира помеѓу завесите од обоено стакло со сини и зелени тонови, а благодарение на трите кружни и аксијално поместени отвори, кои ги поврзуваат покривот и подот, пенетрирајќи низ целиот волумен на објектот, се овозможува огромно количество на природна светлина. Image-IAN -OSPEDALEDELMARE-54700-PH_MFP_4097_photoMarioFerrara

Овој дизајн на архитектите од студиото IaN+ нагласува одредени теми кои тие ги истражувале преку претходно изработени проекти, односно ја нагласува идентификацијата на формалното решение постигнато преку мала геометриска и концептуална дисторзија, потоа рефлексијата на јавниот простор, потрагата по „втора природа“ на вештачки изработен пејзаж и употребата на текстури кои се карактеризираат преку нивната површина и светлината што ја одбиваат од нив.Image-IAN -OSPEDALEDELMARE-54700-PH_MFP_4089_photoMarioFerrara

Истражувањето и експериментирањето што архитектонското студио IaN+ се обидуваше да го демонстрира уште од почетокот на своите проектантски денови, се потврди со креацијата на приемниот дел на болницата Ospedale del Mare.Image-IAN -OSPEDALEDELMARE-54700-PH_MFP_4093_photoMarioFerrara

Текст: Сузана Ламберт (Текстот е реализиран во соработка со Image Media Agency од Фиренца, Италија)

Фотографии: Марио Ферара

Испрати коментар

Scroll To Top